Kако секој може да стане како Илон Маск или Стив Џобс

- Advertisement -

Илон Маск еднаш изјави: „Мислам дека обичните луѓе можат да изберат да станат извонредни“. Се разбира дека Маск не е обичен човек, тој е исклучително интелигентен. Како што пишува Ешли Венс во неговата биографија, тој може во реално време да врши сложени физички пресметки на памет и за кратко време може да апсорбира големи количини информации со речиси совршена прецизност. Но, генијалноста не е потребна состојка, ниту гаранција за битни револуционерни иновации. Entrepreneur ги пренесува резултатите од едно истражување на животот на Маск и на животите на други сериски иноватори и открива некои клучни стратегии кои тие ги користат и кои вие можете да ги користите за да станете иноватори.

1. Имајте здрави амбиции
Голем дел од она што ги мотивира иноваторите како Илон Маск, Никола Тесла или Стив Џобс се идеалистичките цели. Ниеден од овие иноватори не навлегол во индустријата во која станал успешен со ставот „Како можам да ги подобрам постојните производи?“ или „Кој производ може да носи најмногу профит?“. Нивниот фокус е ставен на тоа како да го револуционизираат секој аспект од животот на луѓето. Една идеалистичка цел може да даде голема мотивација и да послужи како гориво за да вложите огромни напори. Освен тоа, доколку таа цел во која верувате е нешто благородно, нема да ви се разбуди егото и ќе се соочите и со критики и со неуспех.

- Advertisement -

2. Верувајте дека можете да ги надминете сите пречки и да ги достигнете целите
Ова звучи како нешто што ќе го прочитате на некој плакат или реклама, но една заедничка особина на Маск, Тесла, Џобс, Марија Кири, Алберт Ајнштајн и многу други иноватори е дека бескрајно верувале во својата способност да ги надминат пречките. Оваа автоефикасност, како што ја нарекуваат психолозите, може да ги мотивира луѓето да се нафатат на предизвици кои за другите луѓе изгледаат невозможни и да издржат до крај.

3. Поминете време работејќи и размислувајќи сами, соочете се со предизвиците и прифатете дека сте необични
Друг битен факт зошто Маск, Ајнштајн и Џобс се толку оригинални мислители е затоа што имале чувство за издвојување, односно се чувствувале дисконектирани и поинакви од останатиот свет. Тоа им дало слобода да ги одбијат конвенционалните мислења и претпоставки кои ги ограничуваат другите. Многу сериски иноватори имаат тенденција да работат самостојно и да бидат автодидактички, односно да се учат самите себе. Тоа им помага да формираат сопствени мислења за тоа како функционира светот наместо да дозволат некој друг да ги дефинира наместо нив.

- Advertisement -

Една од највозбудливите работи кога се изучува Маск или некој друг револуционерен иноватор е кога ќе се дознае дека иако тие луѓе имаат специфични, тешки за имитација особини, механизмите со кои тие особини помагаат да се иновира може да ги практикуваат и обичните луѓе. Сите сами можеме да го негуваме сопствениот потенцијал за иновации.

Сподели!
- Advertisement -