ДНК на американскиот астронаут Скот Кели му се делумно изменила после периодот од една година кој го помина на Меѓународната вселенска станица, потврди НАСА деновиве.
Кели и неговиот брат близнак Марк Кели кој исто така е астронаут беа предмет на истражувања чија цел беше да се потврди што точно се случува со човечкото тело после подолг период поминат во вселената.
Истражувачите го проучуваа престојот на Кели во вселената од психолошки и физиолошки сегмент, при тоа споредувајќи ги резултатите со они на неговиот брат кој во текот на целиот период беше мониториран на Земјата.
Од НАСА објавија дека најголемиот дел од промените во телото на Кели почнале да се манифестираат откако се вратил на Земјата, а некои од нив се и од трајна природа.
„Марк и Скот Кели се уште идентични близнаци. ДНК на Скот не е фундаментално променета. Истражувачите ги мониторира промените во експресијата на гените што се однесува на тоа како телото реагира на околината.“, стои во соопштението од НАСА.
Со истражувањето се потврдило дека настануваат долготрајни генетски промени после подолг престој во вселената кои се предизвикани од промените во имунолошкиот систем, промената на дел од ДНК, помалку воздух и зголемени нивоа на јаглерод диоксид.