Двајца млади хрватски иноватори во трка за глобално признание на универзитетот МИТ

- Advertisement -

Иван Мрвош, креатор на првата паметна клупа во Европа и Алберт Гајшак, кој ја направи MAKERbuino, DIY гејминг конзолата, се номинирани за листата најдобри иноватори која ја составува списанието чиј издавач е еден од најугледните технолошки универзитети во САД, пишува tportal.hr.

MIT Technology Review, списанието кое го издава американскиот Институт за технологија од Масачусетс, меѓу номинираните за својата годишна листа Innovators Under 35 вклучи и двајца хрватски иноватори. Иван Мрвош и Алберт Гајшак се најдоа меѓу кандидатите поради својот придонес на разни технолошки полиња како што се биотехнологија и медицина, компјутерски и електронски хардвер, софтвер, Интернет, вештачка интелигенција, роботика, телеокмуникација, нанотехнологија и материјали, енергетика и превоз итн.

- Advertisement -

Како што се наведува на страницата Innovators Under 35, жирито кое ќе избере 35 најдобри иноватори, претприемачи и визионери од Европа е составено од експерти од водечки универзитети и компании.

Листата со најдобрите иноватори, MIT Technology Review прв пат ја направи во 1999 година во чест на стогодишнината од списанието и на неа имало 100 имиња. Од средината на 2000 година тој број е намален на 35, а во 2010 и 2011 година листата е проширена за да ја опфати и Јужна Америка, Европа, Кина, Индија и Југоисточна Азија и Океанија.

- Advertisement -

Годинешната листа ќе биде објавена во изданието на списанието за јули/август. Глобалната листа со најбитни иноватори ќе биде претставена во текот на конференцијата Emtech MIT, а регионалните на посебни настани.

Иван Мрвош е млад претприемач и иноватор од Сплит. Најпознат е по својата паметна клупа Steora, која ја осмисли, ја произведува и ја продава. Според некои податоци, неговата компанија минатата година забележала раст од 350% и досега има продадено повеќе од 500 паметни клупи во 140 градови и општини во 27 земји на 5 континенти. Годинава се потпишани договори за дистрибуција на клупи во Скандинавија, Шпанија, Германија и Швајцарија, што ќе резултира со продадени уште 500 клупи. Во тек се преговори за ширење на пазарите во Португалија, Франција, Ирска, Велика Британија, Холандија, Белгија, Австрија, Италија, Естонија, Грција, Русија и Канада.

- Advertisement -

Алберт Гајшак, пак, е познат по својот проект MakerBuino, односно гејминг конзола слична на Nintendo GameBoyu, која можете сами да ја составите со многу малку предзнаење. Гајшак како победник на натпреварот Idea Knockout на почетокот на годинава се претстави на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот Consumer Electronics Show во САД.

Сподели!
- Advertisement -