ЕУ одобри спојување на Баер и Монсанто

- Advertisement -

Европската унија одобри „Баер“ да го купи „Монсанто“ за 66 милијарди долари, под услов да се ослободат компанијата и правата во вредност од 7,4 милијарди долари со цел да се обезбеди фер конкуренција на пазарот

 

Спојувањето сè уште треба да биде одобрено од американските регулатори, ќе ја создаде најголемата интегрирана компанија за пестициди и семиња во светот.

- Advertisement -

„Зеленото светло кое го даде ЕУ за спојувањето е под услови кои ќе обезбедат ефективна конкуренција и иновација на пазарите на семиња, пестициди и дигитално земјоделство“, кажа Маргарет Вестагер, европскиот комесарот за конкуренција.

Меѓу обврските кои комисијата ги адресираше до Баер е и онаа да ги отстрани постоечките преклопувањата со Монсанто на пазарите за семиња и пестициди. ЕУ кажа дека двете компании понудиле над 6 милијарди евра или 7,4 милијарди долари за фирми и други правни лекови со кои ќе се обезбеди фер конкуренција на пазарот.

- Advertisement -

Со оглед на меѓународната доминација и концентрираната моќ на пазарот на двете компании, спојувањето е надгледувано од надзорниците за конкуренција насекаде во светот.

Мегаспојувањето не беше поддржано од екологистите и другите организации за помош. Монсанто долго беше критикуван за генетски изменети производи и употребата на пестициди.

- Advertisement -

Директорот на „Баер“, Вернер Бауман изјави дека одобрението на ЕК е „голем успех“, додавајќи дека компаниите и понатаму работат со американските власти околу договорот за кој се надеваат дека ќе биде конечен во вториот квартал од годинава.

Сподели!
- Advertisement -