Претставен официјален паметен часовник за Светското првенство во фудбал
- Advertisement -
Љубителите на фудбалот ги бројат деновите и со нетрпение го очекуваат почетокот на Светското првенство во фудбал во јуни во Русија. Ова првенство би требало да донесе и една револуција која ќе помогне за поправедно судење, односно поправедно носење одлуки. Tоа е видеотехнологија која ќе може да се применува во одредени случаи, пренесува Zimo.Неодамна беше претставен и официјалниот паметен часовник за ова светско првенство, кој ќе го користат судиите во текот на натпреварите кој ќе биде поврзан со видеосистемот и со технологијата за следење на топката. Овој часовник па веднаш ќе им јави на судиите ако топката ја премине гол линијата. Станува збор за Hublot Big Bang Referee 2018 FIFA World Cup Russia, кој нема да биде резервиран само за судиите, туку ќе може и да се купи, но ќе биде ограничен на само 2018 примероци.Секако, во продажба нема да биде верзијата за судиите, но ќе има инсталиран посебен софтвер наменет за љубителите на фудбалот. Кога ќе почне светското првенство, ќе се прикажуваат известувања за почетоците на натпреварите, статистики од натпреварите, а кога некој ќе постигне гол, часовникот ќе почне да вибрира и корисниците ќе добијат известување за промената на резултатот. Не се очекува голема навалица за часовникот колку и да е квалитетен и привлечен на изглед затоа што цената ќе биде прилично висока – 5.200 долари.Што се однесува на спецификациите, часовникот на Hublot ќе има Intel Atom Z34XX процесор, Wear OS оперативен систем и AMOLED екран со резолуција од 400×400 пиксели. Исто така, часовникот ќе биде водоотпорен до 50 метри, и ќе има акцелерометар, жироскоп, GPS, поддршка за Bluetooth и WiFi. Во продажба ќе се најде од 1 мај 2018 година.