Францускиот синџир Monoprix со амбалажата на производите им помага на купувачите да пронајдат љубов

- Advertisement -

Обичните прехранбени производи како рибји филети, урми или крекери се претвораат во вистински љубовни картички во францускиот синџир продавници Monoprix. Синџирот ги замени нормалните амбалажи со слатки реченици за флертување или поканување некого на состанок.

Амбалажите се наменети за сите купувачи на коишто им се допаѓа некој друг купувач кој често го гледаат во супермаркетот. Кога ќе го здогледаат треба само да грабнат некој производ со посебна порака и да го напишат својот телефонски број на кутијата.

- Advertisement -

Најтешкиот дел ќе биде да се стави тој производ во корпата на купувачот кој ви се допаѓа, а уште потешко да го купи тој производ и да го однесе дома. Похрабриот начин би бил вие самите да го купите производот и да им го дадете.

Сподели!
- Advertisement -