Младиот хрватски иноватор Бранимир Јурун направи инструмент за мерење на притисокот на брановите

- Advertisement -

Младиот хрватски иноватор Бранимир Јурун од Сплит разви инструмент за мерење на притисокот на брановите. Тој е студент на Одделот за студии на морски риболов во Сплит и неодамна освен во студентските кругови стана познат и за пошироката јавност и тоа со својот иновативен мерен уред Quattuor 45. Станува збор за инструмент за мерење на притисокот на брановите, кој уште претходно многу добро беше прифатен и од меѓународната научна заедница, пишува Poslovni Dnevnik.

Бранимир вели дека Quattuor 45 може да се употребува каде било на крајбрежјето, каде што е многу битно дејството на брановите било да станува збор за прикажување просторни податоци во патничките пристаништа или за надзор на ударите на брановите врз морските инсталации.

- Advertisement -

Првата година на факултет сфативме дека од карактеристиките на наслонот на плажите и притисокот на брановите зависи големината на песокот на плажа. Во тој момент анализирав на кој начин наведените три променливи може да се постават во математички однос. Две променливи беше многу лесно да се одредат, додека третата, јачината на брановите, беше непозната. Тогаш настана идејата за инструмент за мерење на притисокот на брановите“ раскажува тој за Poslovni Dnevnik.

Кон крајот на 2016 година била готова првата верзија на инструментот. Поддршка во реализацијата му дале не само семејството и пријателите, туку и професорите од факултет и колегите, кои го советувале и да напише студентски проект за Универзитетот во Сплит да може да го кофинансира инструментот. Досега од Универзитетот за таа цел има добиено околу 5.000 евра, а благодарение на колегите од колеџот Хрид Зубчиќ и неговите познавања од електроника дошло и до првите репрезентативни податоци за притисокот на морските бранови.

- Advertisement -

„Планот е инструментот за се синхронизира со мобилна апликација и софтверски уред за податоците за притисокот на брановите и брзината на ветрот да може да ги користат сите на кои им е битно дејството на брановите. На пример, компаниите за морски превоз прд испловување на бродот ќе можат на компјутер да ги видат наутичките параметри во пристаништето од каде што ќе исплови. Кај комерцијалнтие пристаништа ваквиот систем со синхронизирани податоци може да го подигне квалитетот на услугата затоа што може да испраќа податоци за ударот на брановите и ветерот“ објаснува Јурун.

Со податоците од мерењето на притисокот на морските бранови Бранимир напиша и научен труд и во 2017 година учествуваше на конференцијата Water technology во Цирих, каде што останатите учесници биле изненадени дека уште нема дипломирано, а веќе остварува репрезентативни резултати. Во март годинава повторно учествувал на светска конференција во Прага.

Сподели!
- Advertisement -