- Advertisement -
Замислете дека лежите на плажа, топло ви е и ви се чини дека лицето ќе ви се истопи под топлината на сонцето, а илјадници зрнца песок ви се залепиле на потта. Или, пак, сакате телото да го направите маслинесто црно, но не сакате да ризикувате да ви се појават брчки на лице. Со што ќе се покриете? Со вашата маичка? Со книгата што сте ја читале? Секако дека не. Токму затоа австралиски генијалци направија преносна сенка за лице.
Shader е компактна, преносна сенка за лице која го штити лицето од сонцето. Се прилагодува и можете да ја преместувате според движењето на сонцето. Исто така ве штити од ветер и од песок. Има мал џеб за држење на телефон, а има и држач за 6 чаши.
- Advertisement -