Објавен Инвестицискиот Атлас за недвижности 2018 – со какви цени се недвижностите во Македонија??

- Advertisement -

Консултанската компанија Фортон Македонија го објави Инвестицискиот Атлас за недвижности за 2018 година кој содржи информации за севкупниот пазар на недвижности во Мацедонија.

Скопје има најголема потреба за градба на трговски центри со тоа што има само 168 м2 малопродажен простор на 1.000 жители. Во регионот најразвиени се Љубљана и Загреб со 437 м2, односно 645 м2 малопродажен простор на 1.000 жители.

- Advertisement -

Трговски центри

Според податоците на оваа компанија, кои ги опфаќаат сите сегменти на пазарот на недвижности (станбен, канцелариски, малопродажен, индустриски), најинтересни трендови во наредните неколку години ќе бидат обележани во изградбата на нови трговски центри.

- Advertisement -

Најголем дел од нив ќе бидат коцентрирани во Скопје. Најголемиот трговски центар е со приближна нето корисна површина за изнајмување од 50.600 м2 како дел од проектот Skopje East Gate, инвестиција на БАЛФИН БВ, потоа со приближно нето површина за изнајмување од 36.400 м2 е проектот на турската компанија Лимак и проектот Cevahir Mall на турската компанија Џевахир Холдинг ќе обезбеди корисна површина за изнајмување од 16.500 м2.

Постоечките модерни трговски центри како Skopje City Mall и Ramstor се со стапка на слободен простор за изнајмување близу 0%. Генералната, пак, стапка на празен малопродажен простор е 17%, а е резултат на неиздадените простории, пред се, во нефункционалните застарени концепти на трговски центри како Беверли Хилс, Буњаковец и Бисер и сл.

- Advertisement -

Канцелариски простор

Деловниот (канцелариски) простор исто така останува во фокусот на ивеститорите. Проектите кои се во градба треба да обезбедат нови 31.000 м2 канцелариски простор главно од А класа до крајот на четвртиот квартал од 2018 година. Пазарот на деловен простор се очекува да остане стабилен во поглед на пазарните цени за изнајмување, како и поврат на ивестициите. Од достапниот деловен простор, 45% проценти се во А класа деловни згради, а најголем дел од нив изградени во последните 10 години.

Моменталната стапка на поврат на инвестициите од А класа објектите во централното градско јадро е 9,15%-9,4%, додека за недвижностите во надворешните градски делови е 10% -10,25%.

Закупнините за А класа канцеларии во примарните локации во Скопје се стабилизирани на 11-15 евра за м2 и 9-13 евра за м2 простор во надворешните делови на градот и се одредени, пред се, од големината на просторот и квалитетот на градба.

Станбен простор

Во врска со станбените недвижности, според анализата на Фортон, а врз основа на податоците за 2017 година, се бележи раст на пазарот и стабилност на цените. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година издадени се вкупно 2.132 градежни дозволи на ниво на држава. Ова треба да резултира со изградба на нови 7.939 нови домови, од кои 52% се предвидени за Скопје. Високото ниво на градежна aкативност е од одржливата побарувачка и интересот на инвеститорите за вложувања во резиденцијалниот сегмент. Наспроти Скопје, другите региони од држвата заостануваат значително во инвестииции и се бележи недостаток од градење нови проекти.

Tрендот на градење станови ќе продолжи и понатаму и во текот на 2018 и 2019 година се очекува да бидат завршени уште 4.471 станови. Просечната квадратура на станбен простор што ќе биде испорачана се проценува на 64,3 м2, што е повеќе од вообичаената квадратура, а е резултат на неколку поголеми проекти.

Во делот на цените за метар квадратен три категориии на ценовни рамки ја даваат целокупната слика. Кога се работи за локацијата како фактор на одредување на цена за м2, сумите се движат меѓу 1.050 и 1.250 евра за м2, а профилот на купувачот се движи од претприемачи, менаџери и странци што работат во Македонија.

Најшироката куповна категорија ја чинат семејства, млади брачни парови, пред се, вработени во информатичкиот и банкарскиот сектор, како и вработени во државна администрација. Кај оваа група доминантен момент во купувањето е атрактивноста на цената за м2, која се движи од 850 до 1.100 евра.

Последната категорија е определена во сегментот од 600 до 800 ЕУР по м2, кој се смета сегмент за атрактивна/достапна цена на локации кои се наоѓаат на излезите, односно на краевите во главниот град.

Според анализата, се очекува резиденцијалниот пазар на недвижности да продолжи да расте со слична стапка како и во минатите неколку години и се очекува стабилност на цените во блиска иднина или нивно движење во согласност со инфлацијата на среден рок.

Индустриски простор

Идустриските развојни зони поради бројните поволности остануваат најголем таргет за странските инвеститори во овој сегмент од пазарот. Средната цена за изнајмување на ваков вид на простор се движи во просек 3,5 евра по м2 во Скопје, додека во индустриските развојни зони во зависност од степенот на сложеност на објектот според намената се движи од 6-8,75 евра по м2.

Фортон МКА е водечка консултантска компанија за недвижности во Макдонија дел од алијансата на глобално најголемата консултантска компанија за недвижности Cushman & Wakefield.

Сподели!
- Advertisement -