-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Само 20% од населението со пристап до интернет прави онлајн нарачки. Неопходна е поголема едукација за е- трговија

Kabtel desktop

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) го објави Извештајот од анализата на е-трговијата во Македонија кој опфаќа три дела: подготвеноста за раст и развој на е-трговијата, фактичката состојба со е-трговијата и препораки за раст на е-трговијата. Според оваа анализа, АЕТМ утврдиле дека едукацијата и градењето капацитети се клучни за развој на е-трговијата во Македонија и дека моментално постои јаз меѓу информираноста за услугите помеѓу е-трговците и банките.

Извештајот именуван како „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Република Македонија”, е поддржан од Mastercard и вклучува споредба на Македонија со европските земји, анализа на секундарни податоци и примарни податоци од анкети и интервјуа со засегнатите страни, како и студии на случаи.

Претседателот на АЕТМ и ко-автор на анализата, Д-р Нина Ангеловска денес ги презентираше главните резултати од сеопфатната анализа и ги сподели клучните препораки формирани со цел елиминирање на бариерите и креирање на поволна клима за раст и развој на индустријата.

„Според направената анализа, Република Македонија има голем напредок во обезбедување на потенцијал или неопходни услови за обавување на е-трговијата во однос на 2010 година и во споредба со земјите од регионот има обезбедено подобри услови за развој на е-трговијата. Иако имаме напредок во условите, сепак само 20% од населението со пристап до интернет направило нарачка онлајн, што ја става Македонија на дното, единствено пред Црна Гора.“, изјави Ангеловска.

Овие сознанија, како и  добиените наоди во сеопфатната анализа детектираа предизвици кон кои може да се насочат препораки. Предложени се сет мерки насочени кон понудата и кон побарувачката, за раст и развој на е-трговијата и тоа препораки насочени кон компаниите учесници на пазарот односно кон подобрување и зголемување на понудата во е-трговијата и препораки насочени кон побарувачката односно крајните корисници во е-трговијата (населението). Дополнително се дадени препораките кои се заеднички за двете страни. На страната на понудата формирани се 26 мерки или идникативни акции претставени со очекуваниот резултат од имплементација на секоја мерка. На страната на побарувачката предложени се 9 мерки и како заеднички за двете страни има 2 индикативни акции.

„Потребно е зголемување на свеста и капацитетите на малите и средните претпријатија за е-трговијата, но и едукација на населението за јакнење и зголемување на дигиталните вештини зошто 49% од анкетираните е-трговци како најголем предизвик го наведуваат наоѓањето на соодветен кадар за работа, а од оние кои не нарачале онлајн, како една од причините го наведуваат немањето на потребни вештини. Ревидирање на постоечкта регулатива и нејзино усогласување со европската е уште еден чекор кон раст на е-трговијата. Преку воведување на регистар на е-трговци ќе се помогне за нивна промоција, но и ќе се овозможи сигрност на потрошувачите. Даночните олеснувања и субвенции за достава при извоз се уште еден механизам преку кој може да се помогне на е-трговците.“, додаде Англеловска.

Беше потенцирано и дека постои одреден напредок во споредба со анализата за е-трговијата во Македонија изработен од УСАИД во 2010 година, но сепак не е доволно. За почеток е потреба поддршка од институциите како банките и сервисите за логистички услуги, како и развивање на дигиталните вештини кај населението.

Целосната анализа е достапна на следниов линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!