Традиционално и оваа година Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping, кој ќе се одржи од 22 до 24 јуни, со што сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневен шопинг до полноќ.
„Секоја година со се побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период во кој сите продавници работат до полноќ, настан каде што шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана“ велат организаторите.
Покрај шопингот на своите омилени брендови по намалени цени, посетителите ќе може да се опуштат во тридневната програма која нуди забава за сите вкусови и генерации. Многу музика, мода, танцување со професионалци, коктели, како и несекојдневно модно Beachwear Show – ревија каде што ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се неизбежни за овој период од годината.
Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња.