Ова се десет најбезбедни земји во светот

- Advertisement -

Глобалниот тинк тенк Институтот за економија и мир го објави Глобалниот индекс на мирот за 2018 година и одреди кои земји се безбедни. Документот не ги содржи сите земји од светот туку само 163. Статистиките вклучуваат 23 фактори, меѓу кои се стапката на убиства, политичкиот терот и убиените во некои внатрешни конфликти.

Веќе 11 години по ред Исланд е на прво место како најбезбедна земја во светот, пишува Poslovni Puls. Нивната стапка на убиства е 1,8 убиства на 100.000 луѓе годишно. Тоа значи дека во една година, во просек, страдаат 5 или 6 луѓе со оглед на тоа дека земјата има само 300.000 жители.

- Advertisement -

Македонија се наоѓа на 87-мо место со индекс 2,058, додека од соседните земји најдобро е рангирана Бугарија на 26-то место со индекс 1,635, па следуваат Хрватска (27) со 1,639, Албанија (52) со 1,849, Србија (54) со 1,851, Грција (79) со 2,02.

Индексот се зголемува со зголемување на насилството, па помалиот индекс значи побезбедна земја. Ова се десетте најбезбедни земји според индексот.

- Advertisement -

10. Ирска – 1,393

9. Јапонија – 1,391

- Advertisement -

8. Сингапур – 1,382

7. Чешка – 1,381

6. Канада – 1,372

5. Данска – 1,353

4. Португалија – 1,318

3. Австрија – 1,274

2. Нов Зеланд – 1,192

1.Исланд – 1,096

Сподели!
- Advertisement -