#ИновативностЧита: „Како да создавате пријатели и да влијаете на луѓе” од Дејл Карнеги

- Advertisement -

Од одлични совети никогаш доста, особено кога се работи за такви кои ќе ви помогнат постојано да го зголемувате кругот на познаници и да напредувате. Полна со вакви совети е книгата Како да создавате пријатели и да влијаете на луѓе? од авторот Дејл Карнеги која е предлог на #ИновативностЧита за овој викенд.

Доколку ја гуглате книгава, прво нешто што ќе прочитате е дека истата е актуелна веќе 70 години, односно за првпат издадена во 1936 година, има продадено преку 30 милиони копии ширум светот, а се наоѓа и на 19. место на листата на магазинот Time за 100 највлијателни книги во историјата. Што ја прави толку посебна оваа книга?

- Advertisement -

Авторот Дејл Карнеги бил познат американски писател и предавач, а истовремено креатор на многу познати курсеви и методи за личен развој, продажба, корпоративни тренинзи, јавно говорење и меѓучовечки вештини. Една од главните поенти на книгата е дека е возможно да се промени однесувањето на останатите луѓе доколку самите ние го промениме нашето однесување кон нив.

Книгава е толку безвременска поради фактот дека, и покрај тоа што бизнисот, но и светот драстично се менува и технологијата постојано напредува, она што останува константа во сето тоа е човекот односно човековите инстинкти. Со оваа книга ќе научите како да се однесувате во склоп на перцепциите и емоциите на другиот.

- Advertisement -

Поделена во неколку поглавја, книгата на Карнеги содржи шест начини како да им бидете подопадливи на луѓето, дванаесет начини како да ги придобиете луѓето кон вашиот начин на размислување, девет начини како да ги промените луѓето околу вас без да предизвикате отпор и агресија итн.

Еве само неколку принципи кои ќе ги научите од книгава:

- Advertisement -

1. Не критикувајте, не осудувајте и не жалете се бидејќи луѓето ретко кога реагираат позитивно кога се критикувани и понижувани. Бидете конструктивни!

2. Давајте искрена и лична благодарност бидејќи тоа е една од најмоќните алатки за зголемување на допадливоста и градење успешни човечки врски.

3. Разберете ја перцепцијата на другиот со цел да го добиете тоа што го сакате преку зборување на јазик кој другиот лесно ќе го разбере.

Книгата Како да создавате пријатели и да влијаете на луѓе била клучна и за успехот на многу други луѓе или барем учењата на Карнеги кои тој ги создал после издавањето на книгата. Милијардерот Ворен Бафет, го завршил истоимениот курс на Карнеги кога имал 20 години, а дипломата од курсот и ден денес уште ја чува во својата канцеларија.

„Можете да создадете нов пријател за два месеци доколку вистински се заинтересирате за него и му го покажете тоа отколку за две години ако се обидувате само да му се допаднете“, е една од нашите омилени фрази од книгава, а веруваме ќе биде и една од вашите.

Сподели!
- Advertisement -