ЕВН Македонија денеска ќе го одбележи денот на раѓањето на научникот и пронаоѓач Никола Тесла.
Денот ќе се прослави во првиот изложбен центар за електрична енегија „Матка“ со над 150 деца од различни возрасти, кои претходно се пријавија за учество.
Тие ќе бидат дел од креативни и интерактивни работилници, предавања и научни експерименти и подобро ќе се запознаат со животот и делото на Никола Тесла.
Во рамки на настанот ќе има: претстава „Гига мега бајка“, креативна работилница за пишување „Приказни за електрицитетот” со Билјана Црвенковска, уметничка работилница „Никола Тесла и електричната енергија”, предавањe „Моќта на електрицитетот“, проекција на краток документарец „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“ и многу други настани.