Една финска пиварница се покажа доста креативна. Произведе посебно пиво во чест на најавената средба на Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки на 16 јули.
Наречено „Да се договориме како возрасни“, пивото е производ на пиварницата од градот Куопио и ќе биде направено во ограничено количество од 10.000 шишиња.
„Ние во пиварницата бевме возбудени што Трамп и Путин решиле да се сретнат во нашето омилено Хелсинки. Верувајте ни, никој не знае подобро од нас како се решаваат проблеми. Знаеме дека тие треба да донесат тешки одлуки и да решат големи разлики и секогаш можат да го направат тоа како возрасни луѓе. На овој начин сакаме да им помогнеме во постигнувањето мир во светот“, изјави извршниот директор на пиварницата РПС, Самули Хухтанен.
Тие избрале пивото да биде светло, бидејќи такво најмногу се пие низ целиот свет.
„Познато е дека и Трамп и Путин не се големи пијачи на алкохол и тие не би биле наши муштерии, но пивото е универзален пијалок“, додаде Хухтанен.