Во технолошко-инудстриската зона кај Скопје утре ќе пончне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура”. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра
„Во последните седум-осум месеци 16 странски инвестиции потпишаа договорза влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, која во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција,таа инвестиција е на инвеститорите. Ние само им помагаме тие да дојдат и ги охрабруваме со сѐ што можеме како администрација тоа да го направат. Затоа ние не сакаме да сечеме ленти, да фрламе лопати, ние ќе ги поздравиме и ќе им посакаме многу среќа, но ќе им овозможиме тие да доаѓаат“, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Анѓушев најави инвестиции во велешкиот регион.
„Мислам дека во Велес ќе има инвестиции макар една и ние интензивно работиме на тоа. Во Велес има невработеност, но таа не е така голема. Ние треба да обезбедиме повеќе работа за младите кои имаат завршено високо образование во таканаречените акцелератори преку Фондот за иновации и технолошки развој. За младите кои тоа успешно го направија од Владата ќе добијат грантови и мислам дека тоа е начинот да се оди напред“, потенцира Анѓушев.