ВИДЕО: Овој гаџет ја претвора секоја цепаница дрво во „шведски оган“

- Advertisement -

Оваа алатка е одлична за сите кои обожаваат да кампуваат во природа. Без разлика дали се работи за зима или лето, температурите во шумата се доста пониски во споредба со урбаните средини и дури и среде лето треба да се запали оган ако се преноќува под отворено небо. Тоа е вистина особено поради климатските промени, кои предизвикуваат подрастични разлики во температурите на целата Земја.

Металниот гаџет се става на цепаница дрво и ја дели на четири дела без тие да се распаднат и притоа ги држи прицврстени едно за друго, довозлувајќи им сите да горат одеднаш и на отворен оган да се готви храна. Ваквиот тип на оган се вика „шведски оган“ и бил измислен од шведски војници. Уште една предност е тоа што гори и на влажна основа кога има снег. Гаџетот наречен MITI-001 го прави компанијата SPORTES Inc. и може да се набави онлајн за околу 45 евра.

Сподели!
- Advertisement -