Само 10% од домаќинствата во Македонија со деца имаат софтвер за родителска контрола

- Advertisement -

Само 10,1 процент од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола, покажува денеска објавениот Извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги за резиденцијални корисници.

Повеќе од половина од испитаниците (58 проценти) во чие домаќинство малолетните деца пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет.  Четирисет и четири проценти од лицата во домаќинствата што моментно немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел (87,5 проценти) од нив не знаат каде можат да набават таков софтвер.

- Advertisement -

Процентот на малолетните деца кои имаат пристап до интернет (30 проценти), бележи мал пад во однос на 2017 година. Во 83 проценти од случаите децата на интернет пристапуваат секојдневно и на него најчесто 37,5 проценти поминуваат до два часа и 43,1 проценти од два до пет часа (кумулативно 80,6 проценти).

Во Македонија интернет пристап до домот имаат 84,5 проценти, а корисници на интернет се 76,8 проценти од населението.

- Advertisement -

Наш предлог е да набавите Kaspersky Safe Kids.

Сподели!
- Advertisement -