Реализирани завршните настани во општина Кичево и општина Ѓорче Петров – Скопје

- Advertisement -

На 19 јули во хотел Арабела во Кичево, и на 20 јули во ресторан Деливио во Ѓорче Петров во Скопје, се одржaa завршните настани, во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.

Целта на настаните е поврзување на целната група, презентација на реализираните активности на проектот, постигнатите резултати и споделување на документот за политики со препораки произлезен од реализација на сите активности, како и воспоставување на мрежа за соработка потребна за спроведување на Стратегијата за развој на ЖП на локално ниво. По одржаните завршни настани во општините Ѓорче Петров и Кичево, до крајот на овој месец ќе бидат одржани и во преостанатите три града опфатени со проектот – Велес, Куманово и Битола.

- Advertisement -

Согласно на тоа, на овие настани се презентираа реализираните активности на проектот и постигнатите резултати, од страна на Здружението на бизнис жени, со осврт на претставници на општините и од центрите за вработување. Исто така пренесени беа и добиените сознанија, импликации и препораки, а беше споделен и изготвениот документ за политики произлезен од реализација на сите активности.

- Advertisement -

Завршните настани имаа и церемонијален дел на доделување на Благодарници на сите кои придонесоа кон успешна реализација на проектните активности, како и Сертификати за посетената обука за родово буџетирање одржана во периодот март-април, 2018, во рамки на именуваниот проект.

Присутните претставници од општините, институциите и локалните граѓански организации, како и жените претприемачки од локалната бизнис заедница од двете општини, заедно со жени и девојки кои започнуваат сопствени бизниси, или имаат бизнис идеја и размислуваат за старт-ап, беа презадоволни од дадената можност да се вклучат, вмрежат и придонесат со своето присуство на обуката и проектните активности, и изразија желба за продолжување на вакви и слични проекти и проектни активности, кои ќе ги анимираат нивните општини и ќе се подстрек за развој и поврзување, за подобрување на состојбата преку нови или зајакнати реалции помеѓу сите засегнати страни.

- Advertisement -

Повеќе информации за активностите и следните настани на ФБ страната на здружението.

 

Сподели!
- Advertisement -