Електромобилност: На Скопје му се потребни автобуси на струја, а не на гас!

- Advertisement -

Ја осудуваме набавката на автобуси на гас за град Скопје, затоа што свесно и со јавни средства, се игнорира фактот дека нафтените деривати се во директна врска со малигни и немалигни заболувања, а од друга страна, трошоците во вкупниот животен циклус на автобуси на гас е далеку поскап од трошоците на животниот циклус на електричните возила, се вели во реакцијата на организацијата за електрични возила во Македонија, Електромобилност Македонија.

 „Електрификацијата на транспортот е трајно решение. Чувствуваме одговорност да го потсетиме Петре Шилегов, градоначалникот на на Скопје, дека имаме право на чист воздух! Граѓаните го заслужуваат тоа и поради тоа предлагаме евтино диверзифицирано решение, како целина од композиции со електрични автобуси во комбо со тролејбуси и лесен електричен трамвај.

- Advertisement -

Електричните автобуси како и тролејбусите, ќе ги користат веќе постоечките булевари за комутација. Сервисирањето на комплетната палета на електрично влечните возила ќе може да се воспостави во интегриран електровлечен систем. На пример, за среднонапонската мрежа за тролејбуси и трамвај, ќе бидат задолжени инженерите од МЕПСО, јавната државна полначка инфраструктура и депоа, ќе бидат обврска на ЈСП, мали и средни компании ќе се вклучат во сервисирање на опремата итн. Ќе биде потребно инвестирање во кадрите кои ќе управуваат и ќе ги сервисираат електричните возила, со сериозно покачување на плати, со обуки и стимул.

Лесен електричен трамвај (light electric tram) се користи во шпанскиот град Билбао. Решението од Ница – Франција, е со инсталиран трамвајски систем без надземна мрежа за напојување, со индуктивно подземно напојување за време на запирањата на трамвајот. Тролејбуси се користат во многу европски градови“.

- Advertisement -

Во Електромобилност Македонија сметаат дека на среден рок од 10 години, електричните автобуси се најсоодветно и најразумно решение за Скопје.

„Јавниот електричен транспорт во отровните зимски денови предлагаме да биде бесплатен.  Очекуваме во Скопје, од пролет 2019, да се возат најмалку 20 ефтини електрични автобуси, а во пролет 2020, дополнително уште 30. Во наредните 15 години или четири градоначалнички мандати, по предложената прогресија, ЈСП би управувала со автобуски возен парк од 150 до максимум 200 електрични автобуси и/или 50 до 100 тролејбуси, единечни и/или дупли, со завршена проектна документација за лесен електричен трамвај со изградба на првите 10 километри од трасите и визија со скица за метро. Полначката инфраструктура за автобусите мора да биде таква што ќе зафаќа поширока палета на стандарди и нема да биде ограничена на еден производител“, се вели во соопштението на организацијата за електрични возила во Македонија Електромобилност Македонија.

Сподели!
- Advertisement -