Напредокот на технологијата, Интернетот и социјалните мрежи драстично го променија начинот на кој што живееме. Дел од тие промени се позитивни, а дел негативни. Според британската научничка Сузан Гринфилд особено загрижувачко е влијанието на социјалните мрежи и видео игрите врз децата и младите, кои што можат да имаат опасни последици.
Дека нешто не е во ред можеме и самите да заклучиме врз основа на информациите кои кружат на Интернет. Поранешни вработени во Фејсбук и други компании признаваат дека социјалните мрежи се направени намерно за да предизвикаат зависност, а загрижувачки се информациите за деца кои се навлечени на видео играта Fortnite.
Поради оваа игра децата поминуваат ноќи без спиење, па дури и не одат во тоалет за да не мора да ја прекинуваат играта. Има случаеви на 0-годишни деца кои се лекуваат од одвикнување од зависноста од оваа игра затоа што целиот живот им се претворил во Fortnite.
Истражувањето на Гринфилд покажало дека одредени родители не помогнале децата да се одвикнат од екраните и да поминат повеќе време со нив, туку дури и платиле инструкции за да бидат што подобри во оваа игра.
Годините поминати во користење на Интернет и видео игри креирале генерации на деца кои се ментално и емоционално на ниво на деца од 3-години, прекупредува Гринфилд. Поради константни дразби од бројните екрани со кои се опкружени децата не се во состојба сами да размислуваат, нормално да комуницираат или да сочувствуваат со другите луѓе.
Гринфилд уште пред неколку години предупреди на потенцијалните опасни последици од социјалните мрежи и видео игрите кои г менуваат човековиот мозок. Таа сега предвидува дека децата во иднина ќе имаат помало ниво на самодоверба, ќе бидат депресивни и нема да имаат развиени социјални и комуникациски вештини.
Наместо сурфање по социјалните мрежи и видео игрите децата треба да поминуваат што повеќе време во активности кои имаат почеток, средина и крај како што се читање книги и спортување. Наместо да играат на некоја конзола треба да им се даде кутија со играчки за да ја развиваат креативноста и имагинацијата.
Денешните деца не вежбаат, не се дружат со врсниците за време на оброците во училиште и не раскажуваат приказни, изјави Гринфилд за британски Телеграф.
Со овој растечки проблем треба да се заминаваат и регулаторните тела, но Гринфилд пред се упатува предупредување до родителите за да бидат свесни за ризиците од технологијата.
Наш предлог е да набавите Kaspersky Safe Kids.