ЕУ воведува правило на еден час и се заканува со казни за Facebook, Twitter и YouTube

- Advertisement -

Терористите чести ги користат социјалните мрежи за комуникација и ширење на својата пропаганда, па бројни компании се борат со тој проблем и имплементираат заштитни мерки за да ги отстранат таквите содржини, но тие мерки досега не се покажаа баш ефикасни. Facebook, Twitter, YouTube и други мрежи и сервиси користат комбинација од луѓе како модератори на содржини, вештачка интелигенција и машинско учење, како и бази на податоци кои ги споделуваат со други компании. Досега тие компании доброволно ги имплементираа тие заштитни механизми, но во иднина ќе мора уште повеќе да се потрудат затоа што им се закануваат големи казни, пренесува Zimo.

Имено, на челниците на Европаката унија не им се допаѓа напредокот и брзината со која се бришат содржините врзани со тероризам и веруваат дека компаниите можат да направат повеќе во врска со тоа, а ако не ги отстранат содржините доволно брзо, ќе бидат казнети. Уште пред шест месеци Европската комисија објави препораки за зголемена заштита од илегалните содржини кои се појавуваат на Интернет, а тие препораки го содржат и правилото од еден час.

- Advertisement -

Какво е тоа правило? Терористичките содржини се најопасни токму во првиот час од објавата, покажуваат некои истражувања на ЕК, па оттаму сметаат дека отстранувањето на содржините во рок од 60 минути по објавата треба да стане правило кое ќе важи за сите.

ЕУ има намера да го промени односот со големите компании и ова доброволно правило од еден час законски да го имплементира како обврска за сите компании. Ако Facebook, Twitter и другите платформи не ги отстранат содржините во рок од тие 60 минути, следуваат казни, но уште е рано да се зборува за висината на казните. Пред тоа законот треба да го одобри Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ и потоа ќе видиме како изгледа примената на тоа правило во пракса.

Сподели!
- Advertisement -