Најзагаден град во светот е Каиро, покажуваат светските истражувања на Eco Experts, кои го проверувале загадувањето на воздухот, осветлувањето и бучавата во градовите. На листата со најзагадени градови освен Каиро, се наоѓаат и Делхи, Пекинг, Москва, Гуангжу, Шангај, Буенос Аирес и Париз. Она што е интересно е што единствениот американски град на листата со топ десет најзагадени градови во светот е Лос Анџелес.
Од друга страна, на листата со најчисти градови во светот на врвот се наоѓа Цирих.
Сите видови загадување имаат лошо влијание врз здравјето на луѓето, а како што наведуваат од Светската здравствена организација, девет од 10 луѓе на светот дишат загаден воздух. СЗО проценува дека околу 7 милиони луѓе умираат секоја година поради изложеност на големи количини ситни честички во загадениот воздух, кои продираат длабоко во белите дробови и во кардиоваскуларниот систем и предизвикуваат болести како мозочен удар, срцеви заболувања и др.