На светот му се заканува недостиг од чоколадо?!

- Advertisement -
Mу се заканува ли на светот недостиг од чоколадо? Во последно време се појавија неколку написи на автори кои тврдат дека до 2050 година ќе останеме без омилената посластица, пишува New Zeland Herald. Глобалниот пазар на чокалодо континуирано расте и до 2025 ќе биде двојно поголемо од 2015 година. Конзумацијата на чоколадо драматично расте, посебно затоа што во последните години се повеќе се пишува и зборува за бенефитите од чоколадо, како anti-age ефектот, намалување на стрес и крвен притисок.

Најмногу чоколадо се јаде во Швајцарија, повеќе од осум килограми по жител годишно. Генерално, најмногу од овој десерт консумират жителите на Западна Европа и Северна Америка. Производителите со оптимизам гледааат на Кина и Индија, секоја по милијарда жители, каде растат урбанизацијата и средната класа.

Во моментов најбрзорастечки пазар за чоколадо е Индија, каде во рок од пет години побарувачката порасна за 50%. Кинезите пак долго беа меѓу најмалите потрошувачи на чоколадо, најмногу поради политичката ситуација која ги држеше надвор од светот. Кинезите јадат помалку од еден килограм чоколадо годишно, што е десетина помали чоколади. Но, состојбите се менуваат и Кинезите се повеќе ја запознаваат културата на пиење кафе и со неа конзумираат и чоколади.

Недостиг на какао

- Advertisement -

Паралелно со предвидувањето дека ќе расте побарувачката, производителите се соочуваат со недостиг на какао, кое е доста тешко за одгледување. Ова растение бара влажна тропска клима и ладна дождовна шума, услови какви што има се помалку. Во моментов најмногу какао се произведува во јужна Африка, односно на Брегот на слонова коска и во Гана.

Освен климата, закана за какаото се болестите предизвикани од инсекти, поради кои годишно се губат 30 до 40% од приносите. Со еден збор, какаото е многу тешко за одгледување па фармерите во Индонезија се повеќе се свртуваат кон пченка и други житарки наместо какао.

- Advertisement -

Затоа, големите светски производители бараат средства кои ќе се вложат во истражување за барање алтернатива за какао и подобрување на постојната билка за да биде помалку зависна од временските услови. Пример, најголемиот производител на слатки во светот Mars Wrigley вложи милијарда долари во истражување на поотпорно какао, а први најавија дека во своите ќоколади ќе користат само најквалитетно какао. Производителите парично ги поддржуваат  и Hershey, Ferrero, Lindt и Mondelez кои плаќаат повисока цена за квалитетно какао.

Заклучокот е дека на светот во моментот не му се заканува недостиг на чоколадо или “chocapocalypse” како го нарекуваат странските медиуми, но ризик на долг рок секако постои.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -