Хотелот Skylodge Adventure Suits во Перу нема класични соби. Наместо еднокреветни, двокреветни соби или апартмани, вој хотел има капсули. Но, и тие капсули не се класични, приземјени, туку висат од страните на една стрмна карпа!
Капсулите се поставени на висина од околу 400 метри над Светата долина во близина на Мачу Пичу. До хотелот може да се дојде со планинарење или со спуштање по жичара, но без лифтови, туку со раце. Но, има и трет начин, за најхрабрите и најиздржливите – со искачување по патеката Виа Ферата, односно со искачување по карпи со безбедносен систем.
Има вкупно три капсули со по четири кревети, дневна соба и бања. Ова незаборавно искуство ќе ве чини 400 долари по човек. Во цената се вклучени тури со водич до и од капсулата, едно ноќевање во капсулата, појадок и вечера. За ручек можете да се искачите до капсулата-ресторан. Посетата на ресторанот ќе ве чини 250 долари по човек.
Со хотелот управува компанијата Natura Vive со мисија на луѓето од сите возрасти со различно искуство да им овозможи да ја доживеат планината на вистински начин.
Peruvian Skylodge hotel capsules literally hang off the side of a cliff
This cliffside hotel in Peru is definitely not for those scared of heights! ⛰️🏨
Posted by In The Know Innovation on Недела, 02 септември 2018