Завршувањето на автопатот Миладиновци-Штип одложено за ноември

- Advertisement -

За 15-тина денови се пролонгира крајниот рок за изградбата на автопатската делница Миладиновци –Штип. Градежните работи се во финална фаза и по автопатот веќе се вози на релација Миладиновце – Свети Николе.

– Сите работи кои излегоа како проблеми во изминатиот период, беа корегирани и санирани, така што останува во последните делови да се постави асфалт на неколку километри, така што очекуваме овој автопат многу бргу да биде ставен во функција.

- Advertisement -

Според првиот човек на ЈП „Државни патишта“, доцнењето пред се се должи на големиот број врнежливи денови во пролетта и на почетокот од летото, поради што градежните екипи изгубиле речисти 50-тина работни денови. Во меѓувреме се санирани сите свлечишта, а поместена и е далноводната траса.

– Во наредниот период ни преостанува, обележувањето, сигнализацијата, заштитната мрежа, засадувањето на дрвца, а целата останата градежна оператива до крајот на месецот ќе биде завршена и верувам дека во октомври сите ситни работи ќе се довршат.

- Advertisement -

Паралелно со автопатот, интензивно се работи и на изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш, но се доцни со патот Штип- Кочани поради незавршената експропријација. Во изминатиот период и на оваа делница е извршена експропријација од 90 %, меѓутоа мора да се менува и целиот проект, зашто експресниот пат е проектиран да минува низ асфалтна база, што создава дополнителен проблем.

Сподели!
- Advertisement -