За 15-тина денови се пролонгира крајниот рок за изградбата на автопатската делница Миладиновци –Штип. Градежните работи се во финална фаза и по автопатот веќе се вози на релација Миладиновце – Свети Николе.
– Сите работи кои излегоа како проблеми во изминатиот период, беа корегирани и санирани, така што останува во последните делови да се постави асфалт на неколку километри, така што очекуваме овој автопат многу бргу да биде ставен во функција.
Според првиот човек на ЈП „Државни патишта“, доцнењето пред се се должи на големиот број врнежливи денови во пролетта и на почетокот од летото, поради што градежните екипи изгубиле речисти 50-тина работни денови. Во меѓувреме се санирани сите свлечишта, а поместена и е далноводната траса.
– Во наредниот период ни преостанува, обележувањето, сигнализацијата, заштитната мрежа, засадувањето на дрвца, а целата останата градежна оператива до крајот на месецот ќе биде завршена и верувам дека во октомври сите ситни работи ќе се довршат.
Паралелно со автопатот, интензивно се работи и на изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш, но се доцни со патот Штип- Кочани поради незавршената експропријација. Во изминатиот период и на оваа делница е извршена експропријација од 90 %, меѓутоа мора да се менува и целиот проект, зашто експресниот пат е проектиран да минува низ асфалтна база, што создава дополнителен проблем.