НАСА лансираше вселенски ласер со кој ќе го следи топењето на мразот

- Advertisement -

НАСА во саботата го лансираше својот најнапреден ласер досега, ICESat-2. Ласерот вреди 1 милијарда долари, а има задача да го мапира топењето на мразот на Земјата како последица на климатските промени. Сателитот тежи половина тон, голем е колку еден паметен автомобил, а беше лансиран на ракетата Delta II од воената база Ванденберг во Калифорнија, пренесува Daily Mail.

Од НАСА велат дека оваа мисија е многу битна за науката затоа што помина речиси една деценија откако НАСА имаше алатка во вселенаѕа со која ја мереше површината покриена со мраз на Земјата. Претходната мисија, ICESat, беше лансирана во 2003 година и заврши во 2009 година. Од таа мисија научниците дознаа дека мразот се топи и исчезнува од крајбрежните области во Гренланд и Антарктикот.

- Advertisement -

Во периодот меѓу двете мисии НАСА вршеше мерења и ја документираше промената на мразот на Арктикот и Антарктикот во рамките на проектот Operation IceBridge, но итно се потребни детални информации за состојбата со заледените површини на Земјата.

Глобалните просечни температури секоја година се покачуваат, а последните четири години во просек се најжешките регистрирани во оваа модерна доба. Топењето на мразот на Арктикот и на Гренланд придонесува за покачување на нивото на морињата и океаните, што е навистина страшна закана по животот на луѓето од крајбреќните населени места.

Сподели!
- Advertisement -