- Advertisement -
Во саботата беше пуштен во употреба првиот брз воз кој ја поврзува Кина со Хонгконг. Изградбата на возот траеше повеќе од осум години, а чинеше 10 милијарди долари. Линијата за супербрзиот воз кој сообраќа кон континенталниот дел од Кина го скратува патувањето кое траеше еден час на само 14 минути, јави Al Jazeera Balkans.
Овој систем е направен така за на дневно ниво да може да превезува 80.000 патници од финансискиот центар на Азија, каде што живеат околу 7 милиони луѓе, до центарот на производството, односно провинцијата Гуангдонг.
- Advertisement -
Патувајќи по оваа линија патниците ќе бидат во контакт со кинеската мрежа за брза железница, која сообраќа на 44 дестинации, меѓу кои се Шангај, Пекинг и западниот град Сиан.
- Advertisement -