Michael Kors ја купи модната куќа Versace

- Advertisement -

Компанијата Michael Kors постигна договор за купување на италијанската модна куќа Versace за дури 2,12 милијарди долари. Како дел од зделката, Michael Kors ќе го промени името во Capri Holdings. Од компанијата велат дека имаат намера да ги зголемат приходите на Versace од околу 808 милиони долари на дури 2 милијарди долари, да го зголемат бројот на продавници од 200 на 300 и да го прошират асортиманот на обувки и аксесоари. Исто така, ќе се фокусираат и на онлајн присуството на модниот бренд, пишува Business Insider.

„Возбудени сме што Versace ќе стане дел од нашето семејство на луксузни брендови и ќе бидеме максимално посветени на неговиот раст“ изјави претседателот и извршен директор на Michael Kors, Џон Ајдол.

- Advertisement -

Донатела Версаче, претседател на Versace, изјави: „Versace не е само сниноним за непогрешлив и безвремен изглед, туку е инклузивен и ги прифаќа различностите и ги поттикнува луѓето слободно да се изразуваат. Санто, Алегра и јас знаеме дека овој нареден чекор ќе му возможи на Versace да го достигне својот максимален потенцијал“.

Донатела Версаче застана на чело на Versace во 1997 година по убиството на нејзиниот брат Џани Версаче, основачот на модната куќа. Нивниот брат Санто стана извршен директор, а ќерката на Донатела, Алегра, која тогаш имаше 11 години, наследи 50% од компанијата. Тоа значи дека по аквизицијата на Michael Kors таа ќе стане речиси милијардерка. Донатела и понатаму ќе остане во компанијата како креативен директор.

Сподели!
- Advertisement -