Утре се одржува Сеавус CodeTalks во Скопје

- Advertisement -

Утре, четврток,  4 октомври 2018 година, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks. Ова ќе биде петто издание на CodeTalks во Скопје

Настанот ќе се оддржи во просториите на “Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации, со почеток во 18 часот. Влезот е слободен. Овојпат на CodeTalks, своето искуство ќе го споделат Милица Панзова, сениор девелопер во Сеавус, како и Даниела Богатиноска, сениор тестинг инженер во  Сеавус.  Милица ќе зборува на темата  “Introducing Microsoft Orleans”:

“”Orleans” е “framework”  кој обезбедува директен пристап во градењето на дистрибуирани компјутерски апликации, без потреба да се учат и да се применуваат комплексни патерни за конкурентност или скалирање. Тој е производ на “Microsoft Research” и дизајниран е за употреба во “Cloud”. “Orleans” е широко користен во “Microsoft Azure”“, вели Милица.

- Advertisement -

Вториот експерт, Даниела Богатинска, ќе зборува на тема: „The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“- Philosophy of testing”:

„Во оваа презентација ќе се зборува за повеќе теми. Една од нив е филозофијата на тестирање и различниот начин на размислување на тестерот и на програмерот. Се опишува како степенот на независно тестирање влијае за избегнување на авторската пристрасност, задачата на тестерот во тимот, како и техники за подобрување на тимската работа. Но најважно од се е да се нагласи дека тестирањето како активност не е деструктивна и претставува онолку конструктивна активност колку што е и развојот на софтвер“, изјави Данијела.

- Advertisement -

Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.

Присуството на настанот може да го пријавите на овој ЛИНК.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -