Девет нешта кои ја обликуваат иднината на образованието

- Advertisement -

Учениците ќе учат во природа, ќе користат дигитални уреди и ќе го слушаат предавањето на професор по избор. Вештините нема да се оценуваат на хартија туку во зависност од подготвеноста на ученикот во одредено поле. Добредојдовте во иднината на образованието.

Технологијата со неверојатна брзина го менува светот, а многу луѓе се плашат дека таа ќе ја замени човечката интелигенција. Некои наставници се загрижени дека учениците нема да имаат потреба од класичен наставник кој ќе им пренесува знаења и вештини. Како и да е, едно нешто е сигурно: образованието никогаш нема да исчезне. Само ќе преземе други форми. Овде ви претставуваме девет нешта кои ќе го променат образованието во наредниве дваесет години.

- Advertisement -

1. Флексибилно време и место

Учениците ќе имаат повеќе можности да учат во различно време на различни места, а ова ќе го овозможат алатките за е-учење. Учениците пак ќе се променат на тој начин што, теоретскиот дел ќе се изучува надвор од училиштата, додека пак практичниот дел ќе се апсолвира лично и интерактивно.

- Advertisement -

2.Персонализирано учење

Учениците ќе учат со алатки кои ќе се адаптираат на нивните способности како ученици. Ова значи дека натпросечните ученици ќе бидат предизвикувани со потешки задачи и прашања кога ќе постигнат одредено ниво. Учениците кои се соочуваат со потешкотии за одреден предмет, ќе можат да вежбаат повеќе додека не го постигнат потребното ниво.Ова ќе резултира со позитивно искуство од учењето и ќе го намали бројот на ученици кои губат самодоверба поради нивните достигнувања.

- Advertisement -

3. Слободен избор

Иако секој предмет кој се предава цели кон истата дестинација, патот кој води до таму може да варира од ученик до ученик. Слично како со персонализираното учење, учениците ќе можат да го модифицираат својот процес на учење со алатки кои сметаат дека се потребни за нив. Ќе учат со различни уреди, според различни програми и техники.

4. Учење базирано на проекти

Како што професиите се адаптираат на идната фриленс економија, денешните ученици ќе се адаптираат кон учење преку проекти и работа. Ова значи дека ќе треба да учат како да ги применат своите вештини во различни ситуации. Учењето преку проекти е нешто што веќе е присутно во средните училишта, но ќе се интензивира. Ваквото учење значи стекнување на вештини како организација, соработка и менаџирање со време кои ученикот може да ги примени во различни професии во иднина.

5. Теренско искуство

Поради фактот дека технологијата може да придонесе кон ефикасност во одредени домени, наставните програми ќе вклучуваат вештини кои зависат единствено од човечко знаење и интеракција лице в лице. Училиштата ќе отвораат простор за учениците да стекнат реални вештини кои се важни за пронаоѓањето работа. Ова значи дека наставните програми ќе предвидуваат и ќе одредуваат период во кој ученикот ќе оди на пракса и ќе се вклучува во проекти.

6. Интерпретација на податоци

Иако математиката се смета како една од трите форми на писменост, факт е дека мануелниот дел од математиката нема да биде важен во иднина. Компјутерите ќе ја извршуваат целата статистичка анализа и ќе предвидуваат трендови. Поради ова, човечката интерпретација на добиените податоци ќе биде многу поважна. Да се пренесе теоретското знаење кон броевите и да се употреби човечка логика за да се увидат трендовите кои ги дава статистиката ќе биде основен дел на математичкото знаење.

7. Тестовите целосно ќе се променат

Ќе постојат платформи кои постојано ќе го следат напредокот на учениците, поради што мерењето на нивните компетенции преку прашања и одговори ќе стане ирелевантно. Многу луѓе се согласуваат дека денешните тестови се дизајнирани така што учениците го учат на памет материјалот и го забораваат наредниот ден. Наставниците се загрижени дека тестовите не го мерат како што треба знаењето на учениците и не ги подготвуаат за нивната прва работа. Знаењето на фактографија може да се испита во текот на процесот на учење, додека пак вештините и примената на знаењето може да се испита преку работа на проекти.

8. Вклученост на учениците во наставните програми

Учениците ќе станат повеќе инволвирани во формирањето на нивните наставни програми. Одржувањето на современа програма е возможно само кога се вклучени сите странки од образовниот процес. Критиките од учениците во однос на содржината и трајноста на нивните предмети се клучни за одржување на успешна наставна програма.

9. Менторирањето ќе биде поважно

За дваесет години, учениците ќе имаат толку многу независност во својот процес на учење што менторирањето ќе биде фундаментално за нивниот успех. Наставниците ќе имаат централна точка во џунглата од информации низ која ќе се движат учениците. Иако многу нешта ќе се променат во образованието, наставникот и образовната институција ќе останат витални за академскиот успех.

Сподели!
- Advertisement -