Carvana e-commerce успеа да го привлече вниманието во Њујорк со кеси за испорака какви што досега не сте виделе
“За носење” во Њујорк е нешто сосема вообичаено, но граѓаните на овој огромен град останаа изненадени кога на улиците видоа автомобили во кеси за испорака натоварени на камионите на компанијата за е-трговија, Carvana.
Оваа платформа за купување, финансирање и продажба на користени автомобили, којa исто така има голем апарат за продажба на автомобили, влезе на најголемиот пазар во Америка со достава на возила во рок од еден ден, а тоа го направи во навистина голем стил достоен за Њујорк.
Carvana реши да го демонстрира нивното пристигнување на Менхетен со еднодневна интегрирана кампања, која јасно покажа на кој начин со оваа компанија се купува автомобил. Carvana ги промовираше своите услуги со караван од пет камиони со соодветно спакувани возила за испорака. Компанијата осмисли три кеси за испорака на автомобили во стилот на Њујорк, истакнувајќи дека луѓето сега можат да нарчаат автомобил онлајн и да го добијат на домашна адреса. На социјалните мрежи се споделуваа слики од поворката со хаштаг #TheNYCWayToBuyACar.
Marketing365.mk