Секоја година Deutsche Bank го објавува извештајот „Мапирање на цените во светот“ („Mapping the world’s prices“), во кој ги објавува најголемите просечни плати по градови имајќи ги предвид трошоците. За истражувањето да биде што поточно, банката зема предвид се – од цената на кутија цигари до просечната цена на киријата за двособен стан.
Истражувањето ни го покажува просекот колку луѓето во тие градови заработуваат секој месец, што е практичен показател за богатството и моќта на градовите. Градовите кои се високо рангирани главно се наоѓаат на северната хемисфера во развиените западни економии, но и државите како Австралија и Нов Зеланд имаат претставници на листата.
Логично е луѓето кои живеат во градови со поголеми трошоци да имаат и поголеми плати, а тоа се финансиските центри кои ни се познати на сите нас: Лондон, Њујорк, Франкфурт… Интересно е дека во Франкфурт платите изминатата година пораснале за повеќе од 190 долари месечно.
Градовите од врвот на листата и не се сменија премногу од минатата година, а четирите градови со најголеми плати се исти како во 2017 година, со малку поинаков редослед. На листата подолу се наоѓаат само градови со нето-плата поголема од 2.000 долари месечно.
28. Виена –2.366 долариn
27. Ванкувер, Канада – 2.398 долари
26. Брисел – 2.420 долари
25. Берлин – 2.421 долари
24. Торонто – 2.458 долари
23. Хонгконг – 2.488 долари
22. Единбург – 2.503 долари
21. Оукленд – 2.657 долари
20. Даблин – 2.695 долари
19. Париз – 2.816 долари
18. Велингтон – 2.874 долари
17. Хелсинки – 2.915 долари
16. Стокхолм – 2.926 долари
15. Токио – 2.931 долари
14. Амстердам – 2.984 долари
13. Сингапур – 3.010 долари
12. Мелбурн – 3.184 долари
11. Лондон – 3.300 долари
10. Франкфурт – 3.307 долари
9. Дубаи – 3.363 долари
8. Копенхаген – 3.378 долари
7. Чикаго – 3.560 долари
6. Осло, Новершка – 3.575 долари
5. Бостон – 3.650 долари
4. Сиднеј –3.820 долари
3. Њујорк – 4.015 долари
2. Сан Франциско – 4.854 долари
1. Цирих – 5.625 долари