ЕУ ја елиминира пластиката за еднократна употреба

- Advertisement -

Производите од пластика за еднократна упиотреба од типот на чинии, прибор за јадење, сламки или стапчиња за уши ќе бидат забранети во Европската унија. Според нацрт-плановите кои ги усвоија најголем дел од европратениците, тие производи, кои сочинуваат повеќе од 70% од пластиката во морињата, ќе бидат забранети во ЕУ почнувајќи од 2021 година. На листата со забрани европратениците ги додадоа производите од оксо-биоразградлива пластика како што се кесите или амбалажите за храна од полистирен.

Истовремено, во земјите-членки на ЕУ потрошувачката на некои од производите за кои уште не постои „зелена“ алтернатива ќе биде намалена за најмалку 25% до 2025 година. Меѓу тие производи се кутиите за сендвичи и палетите за овошје, колачи и сладолед за еднократна употреба. Како што наведува ЕВропскиот парламент, членките на ЕУ ќе усвојат национални планови за да се поттикне користењето на производи за повеќекратна употреба, како и тие што може да се ревиклираат.

- Advertisement -

Останатите производи од пластика како што се шишињата за вода посебно ќе се собираат и ќе се рециклираат и тоа по стапка од 90% од 2025 година натаму. Европратениците се сложија дека мерките за намалување на пластичниот отпад треба да ги вклучуваат и производите од тутун, посебно филтерите за цигари, кои содржат пластика. Целта е загадувањето да се намали за 50% до 2025 година, односно за 80% до 2030 година.

- Advertisement -

Тие наведуваат дека еден отпушок може да загади од 500 до 1.000 литри вода, а ако се фрли на копно, потребни му се 12 години за да се распадне. Отпушоците се втор загадувач меѓу производите кои содржат пластика. Членките на ЕУ, исто така, секоја година ќе мора да собираат по најмалку 50% од изгубената или оставената опрема за риболов, која содржи пластика, а целта е до 2025 година најмалку 15% од неа да се рециклира. Опремата за риболов изнесува дури 27% од отпадот по европските плажи.

Земјите на ЕУ сакаат и компаниите за тутун, како и производителите на опрема за риболов да сносат дел од трошоците за собирање, транспорт и рециклирање на пластичниот отпад. „Усвоивме едно од најамбициозните законодавства за борба против пластиката за еднократна употреба“ велат од Европскиот парламент. Цената на еколошката штета од загадувањето со пластика се проценува на 22 милијарди евра до 2030 година.

Сподели!
- Advertisement -