Компаниите бараат да се регулира увозот на употребувата техничка стока! Стануваме ли дигитална депонија?

- Advertisement -

Во Македонија е потребно воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увозот и пуштањето во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи, како и имплементација на најновите светски технологии од информатичката област, развој на информатичкото општество и дигиталната трансформација во Република Македонија.

Ова го бара Групацијата на провајдери на дигитални решенија,  при Стопанската комора, на која говореа претседателот на Групацијата, Александар Пајковски, од „ДУНА“ – Скопје, и потпретседателот на Групацијата, Мирко Мариќ, од „Еви интернационал“ – Скопје.

- Advertisement -

 

Пајковски и Мариќ истакнаа дека компаниите продолжуваат да работат на остварување на барањата пред надлежните институции и дека се отворени за соработка со сите засегнати страни кои сакаат да станат дел од ваквото движење.

- Advertisement -

Групацијата на провајдери на дигитални решенија, која беше формирана во септември 2017 година во рамки на Стопанската комора на Македонија, продолжува со своите активности за воведување нови технологии и иновации во областа на дигиталното печатење и управувањето со документи.

Во изминатата година тие постигнаа значителен напредок во подигнувањето на свеста од штетните влијанија на старата ИТ-опрема. Но како што и самите велат, имаат уште многу работа до постигнување на главната цел – регулирање на увозот на употребувана техничка  стока и забрана за нејзино пуштање во промет.

- Advertisement -

(Академик.мк)

Сподели!
- Advertisement -