Дроновите би можеле да бидат ефикасни во акциите за потрага и спасување, но не во густи шуми каде дрвјата би можеле да го блокираат GPS сигналот. Но Универзитетот МИТ има решение!
Научниците на МИТ се базираат на истата технологија која се користо во автономните возила, а развја и технологија за дрон која ја користи LIDAR техниката за мапирање на шуми без никаква употреба на GPS. Секој дрон креира 2D мапа која вклучува ориентација според дрва така што лесно може да утврди каде бил дронот во процесот на барање на одредена локација. Затоа и лесно ќе може да се спои цела флота дронови во пребарување на големи површини со минимален труд.
Ваквите дронови се поефикасно затоа што побргу покривааѕ одредена локација, а тоа е особено важно во спасувачки акции во кои времето игра клучна улога.
Но, постојат ограничувања затоа што постојниот систем бара екстерна станица на тло за спојување на мапите, а потребен е и систем за препознавање на објекти кој ќе овозможи идентификација на луѓе. Ако се оди според планпт, спасувачките екипи би можеле да најдат изгубен или повреден планинар во шума без помош од голема група на луѓе и веројатно за пократко време.