Одвоени 1,5 милиони евра за двегодишен план за справување со аерозагадувањето

- Advertisement -

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години квалитетот на воздухот во Скопје ќе се подобри 50 отсто, а во градовите каде што исто така состојбата е алармантна, загадувањето ќе се намали од 30 до 50 отсто. Ова го најави заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, на денешната прес-конференција нарекувајќи го овој план историски за нашата земја. Според процените што биле направени изминатиов период, најголеми загадувачи се домаќинствата што користат нееколошка топлотна енергија и транспортот.

„Направивме план интервентно да дејствуваме во помош на домаќинствата што се греат со алтернативни горива што не се еколошки. Тие самите не се виновни и нивната економска состојба тоа го налага и државата ќе им помогне со замана на начинот на затоплување. Предвидено е намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за оние што ќе се приклучат на централната мрежа за греење, потоа стимулативни кредити за купување печки со пелети итн.“, рече Макрадули.

Што се однесува до трнспортот, кој се посочува како втор најголем виновник за загадувањето, Макрадули вели дека ќе се преземат мерки, како воведување училишни автобуси, набавка на возила со елктричен погон,  стимулирање на велосипедскиот сообраќај, рацинално користење на возилата.

- Advertisement -

Со индустриските загадувачи државата ќе се справува со ангажирање повеќе инспектори, континуиран мониторинг и вложување во акредитирани лаборатории. Мерните станици, според Макрадули, се само за да имаме увид во бројките, но поважно е да се лоцираат и да се отстранат загадувачите.

„Мерните станици што моментно не работат треба соодветно да се поправат за да имаме точен увид во загадувањето со ПМ-честичките. Но, она што е поважно е да се работи на причините на загадувањето и тие да се отстранат. Планот е направен врз целосна и детаљна анализа на експерти и тој почнува да се спроведува оперативно од денес“, рече Макрадули.

- Advertisement -

Во стратегијата за борба со аерозагадувањето ќе се обезбеди помош и од европските фондови, а на вчерашната седница како првични средства за оваа намена во буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постојните потенцијали од донаторската заедница.

Макфакс

Сподели!
- Advertisement -