Вип неодамна го лансираше првиот македонски четбот базиран на вештачка интелигенција. „Славчо” веќе е популарен лик. За него разговараме со Јана Дурнева, менаџер за трансформациски проекти во Вип
Разговараше – Верица Јорданова
„Славчо“ е првиот паметен асистент во форма на четбот кој разбира македонски јазик и има цел да им помогне и да ги води корисниците низ процесот на избирање на нивниот нов смартфон. Оној навидум сложен процес на избирање на нов телефон Славчо го претвора во забавно и интересно искуство на корисниците преку поставување на индиректни прашања за спецификациите на еден телефон. На овој начин, Славчо прибира поточни и веродостојни информации за да дознае кој смартфон ќе им одговара највеќе на корисниците според нивните потреби, навики и можности.
Терминот четбот (chatbot) всушност означува компјутерска програма која симулира интерактивен, човечки разговор со корисниците. Во овој контекст, четботот кој е базиран на вештачка интелигенција се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки. Сепак, најинтресниот дел е тоа што NLP технологијата која што е користена за четботот се справува со внесување на македонски зборови, што претставува голем предизвик со оглед на фактот што не постојат доволно ресурси и податоци кои можат да се искористат за да се тренира вештачката интелигенција во овој јазик. Ова го прави Славчо првиот четбот кој разбира македонски јазик напишан во кирилично и латинично писмо.
[quote]„Славчо“ е првиот паметен асистент во форма на четбот кој разбира македонски јазик и има цел да им помогне и да ги води корисниците низ процесот на избирање на нивниот нов смартфон[/quote]
Како се користи “Славчо“!
Користењето на четботот Славчо е многу едноставно. Имено развојот на корисничкото искуство (UX) е базирано на веќе постоечките светски практики па затоа и користењето е крајно интуитивно.
Четувањето со Славчо е интересно искуство што е многу подобро да се доживее отколку да се опише. Може да го посетите на www.sakamtelefon.mk, каде што разговорот ќе го започнете со клик на копчето Започни што ќе ве префрли на директна комуникација со четботот. Тој го започнува разговорот и лесно ве води низ процесот на избирање на мобилен телефон. Корисниците со Славчо можат да зборуваат преку кликање на дадени копчиња за разговор или пак со пишување и поставување прашања во даденото поле. Низ самиот разговор тој ќе ја прикаже и неговата смисла за хумор со праќање на соодветни ГИФ клипови како негова реакција на напишаното.
На крајот од разговорот, четботот прикажува листа на смартфони кои ги имаат посакуваните спецификации на корисникот. За да им помогне на корисниците да ја направат крајната одлука, Славчо обезбедува и дополнителни линкови до релевантни извори како што се прегледи, фотографии и видеа за отпакување на смартфони од најпознатите светски канали. Исто така, Славчо може да дава одговори на секојдневни прашања и прашања поврзани со услугите на Вип.
Од каде дојде идејата воопшто за еден ваков продукт на македонскиот пазар?
Вип како дел од А1 Телеком Австрија групацијата има стратешка определба да го поддржи денешниот дигитален начин на живеење на нашите корсиници. Оттаму и иновативноста станува клучен фактор во спроведувањето и унапредувањето на дигиталната трансформација на А1 групацијата. Затоа и во нашите операциии (оператори) често се експериментира со примена на вештачката интелегенција во различни сегменти од работењето почнувајќи од четботови, преку конверзии на текст во говор и обратно, се до планирање и оптимизација на мрежите.
Поттикнати од потребата за дигитализација на корисничкото искуство, при анализата на барањата на корисниците упатени кон нашиот контакт центар увидовме дека има постојан тренд на зголемување на оние барања кои доаѓаат преку дигиталните канали: чет на нашиот веб, фејсбук, контакт формите на нашата веб страна и апликација. Тоа всушност и не претставува некакво изненадување од причина што денес животот го живееме во дигитално доба и дигиталните алатки се примарниот избор за комуникација. Логичен заклучок беше дека четбот би било вистинското решение кое ќе може да опслужи голем број на барања, а притоа да не се изгуби основната навика за конверзација и интеракција која ќе наликува на човечката. Се одлучивме примарно за сценариото препорака на паметен телефон кое ќе ги разреши вообичаените проблеми и двоумења на секој човек при изборот на нов телефон. Преку овој проект, истотака, се обидуваме да ја подигнеме и свеста за можностите кои ги нуди самиот четбот како нов концепт.
Какви се првичните реакции од корисниците? Кој најмногу сака да го користи Славчо?
Пред да го лансираме продуктот на пазарот правевме интензивни тестирања, а посебно голем придонес дадоа агентите од контакт центарот кои имаат секојдневен контакт со нашите корисници и може да дадат најдобра проценка за начинот на кој се одвива комуникацијата со корсниците. Славчо го пуштивме неколку дена без никаква комуникација во медиуми за да ги видиме првичните реакциии. Реакциите беа позитивни и решивме да одиме со комуникација на електронските и социјалните медиуми. Бројот на корисници на четботот достигна 40 илјади во првите две недели.
Имено, во дадени моменти Славчо води над 300 конверзации во паралела и до сега размени 1.7 милион пораки. Социјалните медиуми го прифатија одлично и се споделуваат интересни дијалози. Тоа потекнува и од самата презентација на караткерот на Славчо, кој е позитивен, пријател-експерт кому би се обратиле доколку ви треба совет и препорака при избор на паметен телефон според вашите секојдневни навики од користење на телефонот од работни потреби, начин на користење на социјалните медиуми, квалитет на слики и сл. Голема потврда за успешното лансирање на Славчо е што добивме повици од други компании кои се заинтересирани да реализираат слични проекти. Ова покажува декаа не само телекомуникациите, туку и другите индустрии на македонскиот пазар се спремни за воведување на нови иновативни решенија кој имаат за цел подобрување на корисничкото искуство.
Дали „Славчо“ е македонски продукт, односно продукт на македонски девелопери?
Посебно ми е драго да истакнам дека Славчо е 100% македонски производ, од самата идеја и концепт па до реализацијата. Тоа укажува на огромниот потенцијал и талент што го поседува нашата држава.
Вип веќе подолго време оставрува соработка со стартап заедницата во повеќе области. Славчо е резултат на една таква соработка каде имаме успешна синергија помеѓу корпоративниот и стратап светот. Проектот се работеше речеси една година, во која учествуваа над 20 експерти во областа на маркетинг, корисничко искуство, од бизнис страна како и ИТ експерти, АИ експерти и делевлопери. Искуството што го стекнаа членовите на проектот е огромно, а успешноста на проектот е мотив повеќе да се продолжи со понатамошен развој на четботот.
[quote]
Славчо е 100% македонски производ, од самата идеја и концепт па до реализација
[/quote]
Дали и како во иднина ќе го развивате овој продукт? Кои се клучните придобивки од истиот?
Апсолутно да. Ние веќе ги земаме во предвид првичните забелешки и барања на корсиниците кои ја користат оваа алатка и од ден на ден воведуваме подобрувања и новитети. Славчо засега е достапен како веб апликација на sakamtelefon.mk, но би сакале да го поставиме и на други платформи каде би можел да одговара и генерални прашања поврзани со Вип. Идејата е “работните” задачи на Славчо да се прошируваат постојано, да се обезбедат функции кои на корисниците ќе им помогне полесно да ги управуваат своите Вип услуги, пр. можноста да се активираат некои пакети, да се провери состојбата на сметка, да се надополи кредит и слично. Долгорочно гледано, Славчо треба да прерасне во виртуелен агент кој ќе може да им помогне на корисниците при секое нивно барање.