Работната сила во источна Европа станува повредна од имотот на компаниите!

- Advertisement -

Недостигот од работна сила не е проблем само во некои земји на Балканот, туку слична е ситуацијата и во други земји од источна Европа. Слободниот пазар и прелевањето на работниците од посиромашните членки на ЕУ во оние каде што има повисоки плати е нормална појава на пазарот на труд.

Компаниите на некои членки на Нова Европа сепак наоѓаат начини да обезбедат доволен број работници за својата индустрија, а со самото тоа да обезбедат и економски раст. Иновативниот тренд на наоѓање работна сила го забележа и Reuters во Унгарија, каде што, како што пишуваат, станало пракса тамошните компании да преземаат други компании во земјата или во странство за го преземат не нивниот удел на пазарот или технологијата, туку да ја преземат нивната работна сила.

Најнов таков пример е компанијата Tranzit-Food, која направи аквизиција на конкурентот Gasator и ги презеде нивните 55 квалификувани работници. Дека работната сила им била највредниот дел од аквизицијата за Reuters потврдува Акос Сабо, извршен директор на Tranzit-Food.

- Advertisement -

„Порано клучни причини за аквизиција беа профитабилноста, пазарниот удел, брендовите, вредноста на имотот, планираните инвестиции или автономијата на менаџментот, а денес ја проучуваме работната сила, која ни е повредна од имотот. Подготвени сме да платиме голема премија за квалитетната работна сила во некоја компанија“ вели Сабо.

Анализата на Eurostat, која ја цитираа и економисти на Erste Bank Group, покажа дека во третиот квартал од 2018 година дури 83% од унгарските индустриски компании имале проблеми со организирање на производството поради недостиг од работници. Ист проблем имаат и половина од полските компании, како и 44% од компаниите во Чешка. Според истиот извор, на крајот на минатиот квартал во Унгарија имало отворени 83.611 работни места, а тоа е двапати повеќе отколку пред економската криза во 2008 година.

- Advertisement -

Експерти од финансискиот сектор за преземање и аквизиции велат за британската агенција дека работната сила стана тренд кој е се побитен при проценката за аквизирање на некоја компанија.

„Многу компании се свртеа кон автоматизација за да го решат проблемот со недостигот од стручна работна сила, но има многу сектори како што е одржувањето на мрежите, ИТ технологијата, здравствената заштота и слично каде што автоматизацијата може да биде само дел од решението и потребна е човечка работна сила“ велат аналитичарите и додаваат дека аквизицијата е најдобар начин за веднаш да се дојде до квалитетна работна сила.

- Advertisement -
Агнес Своб, раководител на корпоративни финансии на унгарското брокерско тело Еquilor, вели дека пазарот на аквизиции и преземања секогаш бил одраз на тековните економските трендови. „Врз основа на нашите податоци, моментално се во тек седум или осум аквизиции каде што стекнувањето на работната сила е главна мотивација“ вели Своб.

Друг таков пример е Словачка, каде што германскиот сопственик на Lind, Mobler Slovačka, го купи производителот на мебел со седиште во централна Словачка кон крајот на 2017 година за на тој начин да се стекне со 163 нови вработени потребни за развој на бизнисот. Сега таа компанија има вкупно 815 вработени во Словачка.

Сподели!
- Advertisement -