Музиката, која произлезе од Јамајка во 1960-тите е додадена во колекцијата поради нејзиното „нематеријално културно наследство”.

Регето е „ социо-политичко, сензуално и духовно”, велат од УНЕСКО. Тоа „се прошири на сите страни на светот”, додаде портпаролот на Јамајка.

- Advertisement -

Регето произлегува од Карибите кон крајот на 1960-тите, растејќи од жанровите ска и рокстеди, со раните пионери како Ли Скреч Пери, Принс Бастер, како и Марли, Тош и Бани Вејлер.

Реге музиката стана популарна во САД, но особено процвета во Велика Британија, која станала дом на многу жители на Јамајка уште од крајот на Втората светска војна.

- Advertisement -

Јамајка аплицираше за вклучување на реге музиката на листата на УНЕСКО годинава, за време на состанок на Обединетите Нации на островот Маврициус.

Заштитената листа постои од 2008 година и произлезе од конвенцијата на ООН за заштита на нематеријалното културно наследство во 2003 година.

- Advertisement -

Нејзини цели се да обезбеди почитување на заедниците, групите и поединците вклучени во наведената активност, да се подигне свеста за тие активности на национално и на меѓународно ниво.

„Регето е уникатно за Јамајка”, вели Оливија Гранџ, министерка за култура на Јамајка.

„Тоа е музиката што ја создадовме и што проникна во сите делови на светот”.

Други културни традиции кои се најдоа на списокот се и шпанските училиште за јавање во Виена, монголските ритуали со камили и кукларството во Чешка.

www.radiomof.mk