Реге музиката е додадена на листата на меѓународни културни богатства кои Обединетите нации ги смета за достојни за заштита и промовирање
Музиката, која произлезе од Јамајка во 1960-тите е додадена во колекцијата поради нејзиното „нематеријално културно наследство”.
Регето е „ социо-политичко, сензуално и духовно”, велат од УНЕСКО. Тоа „се прошири на сите страни на светот”, додаде портпаролот на Јамајка.
Регето произлегува од Карибите кон крајот на 1960-тите, растејќи од жанровите ска и рокстеди, со раните пионери како Ли Скреч Пери, Принс Бастер, како и Марли, Тош и Бани Вејлер.
Реге музиката стана популарна во САД, но особено процвета во Велика Британија, која станала дом на многу жители на Јамајка уште од крајот на Втората светска војна.
Јамајка аплицираше за вклучување на реге музиката на листата на УНЕСКО годинава, за време на состанок на Обединетите Нации на островот Маврициус.
Заштитената листа постои од 2008 година и произлезе од конвенцијата на ООН за заштита на нематеријалното културно наследство во 2003 година.
Нејзини цели се да обезбеди почитување на заедниците, групите и поединците вклучени во наведената активност, да се подигне свеста за тие активности на национално и на меѓународно ниво.
„Регето е уникатно за Јамајка”, вели Оливија Гранџ, министерка за култура на Јамајка.
„Тоа е музиката што ја создадовме и што проникна во сите делови на светот”.
Други културни традиции кои се најдоа на списокот се и шпанските училиште за јавање во Виена, монголските ритуали со камили и кукларството во Чешка.
www.radiomof.mk