Мнозинството од луѓето знаат дека брзата мода е голем виновник за глобалниот отпад, големата потрошувачка на вода и на енергија. Индустријата за чевли не е исклучок затоа што традиционалните ѓонови на чевлите се базираат на нафта. Една компанија, nat-2, има поинаков став во врска со загадувањето со брзата мода и направи патики кои се направени од рециклирано кафе. Унисекс дизајнот целосно е направен од природни материјали и може да избирате од два стила.
Делот од патиките кој изгледа како кожа е направен од рецилирани пластични шишиња. Освен што придонесува да се исчисти пластичниот отпад, со замена на кожата nat-2 refuses се бори против проблемите врзани со одгледувањето говеда и нуспроизводите кои ја загадуваат планетата. Текстурата налик на кадифе се добива од 50% рециклирано кафе. Од компанијата велат дека патиките имаат суптилен мирис на кафе.
Надворешниот дел од ѓонот е направен од вистинска гума, а не синтетичка како што користат многу компании. За да не се користат штетни хемикалии кои не само што ги загрозуваат животите на работниците, туку ја загадуваат и почвата кога ќе дојдат на отпад, компанијата користи само лепак на база на вода без состојки од животинско потекло. Освен тоа, ѓонот е направен од натибактериска плута.
Патиките се прават рачно во Италија во високотехнолошка фабрика, а во текот на процесот се намалува емисијата на јаглерод диоксид во споредба со традиционалните фабрики.