По втор пат Македонија се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки„, кој оваа година порасна од 100 на 200 претприемачки.
На конференцијата ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор, како и жени кои се менаџери, лидери во својата професија.
Резултатите од минатата година по спроведената анкета после конференцијата „100 жени Претприемачки“ го покажуваа следново:
– 75,70% од гостите после конференцијата меѓусебно оствариле прв контакт
– 73,00% од анкетираните имале деловна интеракција (маил, телефон, состанок)
– 54,10% оствариле меѓусебна соработка
Гости на настанот ќе бидат:
▪️Коста Петров
▪️Мерсиха Смаиловиќ
▪️Лидија Марковиќ Росати
▪️Thomas Björge
▪️Рената Наумовска
▪️Марија Радојчиќ
▪️Даница Личанин