Девет начини да го рекламирате својот мал бизнис за време на празниците

- Advertisement -

Почна сезоната на празници, на прослави, на веселби, на многу храна… Многу од празниците годинава се веќе зад нас, но некои допрва доаѓаат. Повеќето од нас не ги празнуваат сите празници, но колективно вашите корисници ги празнуваат сите и тие празници се прилики за вас да си ја зголемите продажбата. Сега е време да се организирате. Еве девет работи кои мора да ги направите за да бидете повпечатливи оваа сезона.

1. Испланирајте ги датумите однапред
Обележете ги сите битни датуми и направете потсетници. Ви треба повеќе време за да ја спремите сезонската понуда и да промовирате навреме за да привечете луѓе. Споделете го својот календар со тимот и планирајте. Направете план однапред затоа што мора да имате предвид дека и вие ќе одморате.

- Advertisement -

2. Понудете распродажба
Најлесниот начин да привлечете повеќе луѓе за време на празниците е распродажбата. Црниот петок и Сајбер понеделникот немаат никаква друга традиција освен шанса за зголемување на продажбата со намалени цени. Само треба да испланирате кои производи ќе бидат поевтини и за колку, како и да го направите маркетинг материјалот.

3. Понудете подароци
Одличен начин да направите подобри зделки е да покажете дека не само што ги намалувате цените, туку ги прославувате празниците со давање подароци на корисниците. Тоа може да биде нешто едноставно како купон, еден плус еден производ итн.

- Advertisement -

4. Направете видео
Доколку не користите видео за промоција на вашиот бизнис, не ја искористувата целата моќ за маркетинг на Интернет. Не мора ни да поминувате часови на некој софтвер за едитирање. Платформите како Promo сега го олеснуваат креирањето видеа.

5. Останете активни на социјалните медиуми
Сезоната на празници не ни остава многу време за социјалните медиуми, но ова не е време за да одмориме од Facebook или Twitter. Ќе мора да бидете активни на сите платформи кои вообичаено ги користите, да ја подготвите корисничката база за идниот празник и да ги привлечете да купат нешто.

- Advertisement -

6. Испратете персонализирани имејлови споделувајќи ја вашата приказна за годината
Не заборавајте на старомодниот имејл маркетинг. Дојдовното сандаче е поперсонално отколку некое јавно место на кое сте ја напишале вашата порака.

7. Декорирајте го излогот
Не мора да ги купите сите украси кои ќе ги видите, но додадете некои празнични банери на вашата интернет страница, сменете го дизајнот на излогот и можеби земете некои празнични кеси за производи.

8. Рeвидирајте ги вашите цели
Крајот на годината е одлично време да погледнете каде се наоѓате, да ги ревидирате целите, да си зададете нови и да ја освежите содржината што ја нудите.

9. Покажете какви сте навистина!
Не заборавајте дека празниците се време за забава, не само за работа. Не се плашете да бидете послободни и да уживате. Можеби нема да направите забава за вашите корисници, но бидете свои и градете односи кои ќе ве однесат во вистински правец во новата година.

Сподели!
- Advertisement -