Иновациите даваат значајнa конкурентска предност на секоја развиена економија. Сепак, достигнувањето некое одржливо ниво на иновации не е толку лесно. Реалноста е дека иновациите се сложени и тешки за мерење и има многу различни променливи кои се пресметуваат за да се добие некој националeн просек.
Потрошувачката на истражување и развој е еден од тие фактори и додека не се врзува директно со резултатите на иновациите, тоа претставува инвестирано врeме, капитал и напори за истражување и дизајнирање на производите од иднината.
HowMuch.net ги спореди бројките за истражување и развој на речиси секоја земја во светот со помош на податоци од Институтот за статистика на УНЕСКО. Доколку се соберат сумите кои САД (476,5 милијарди долари) и Кина (370,6 милијарди долари) ги инвестираат во истражување и развој, ќе се добијат 47,0% од глобалната потрошувачка на истражување и развој во светот. Ако на тоа се додадат сумите кои ги трошат Јапонија и Германија, ќе видиме дека четири земји во светот трошат речиси две третини од глобалната потрошувачка на R&D или 62,5%.
Што се однесува на процентуалниот сооднос на трошоците за истражување и развој и вкупниот национален буџет, Јапонија и Јужна Кореја изздвојуваат најголем процент од буџетот за R&D, па токму затоа и се котирани толку високо на листата. Додека, пак, други помали економии како Израел издвојуваат 4,2%, што е многу повеќе од нормалното за истражување.