Градоначалникот на малиот италијански град Самбука, на продажба дава станови и куќи по цена од 1 евро. Локалната самоуправа се решила на овој чекор за да ја оживее руралната заедница преку привлекување млади семејства , кои би дошле да живеат во гратчето.

По оваа цена се нудат 12 станови, од 40 до 150 метри квадратни. Како што објави Си Ен Ен, властите досега продале 10 станови, а заинтересирани купувачи пристигнуваат од Швајцарија, Франција, Шпанија…

- Advertisement -

Условот за купување на ваков стан е новиот сопственик да се обврзе дека во рок од три години во обнова на станот ќе вложи барем 15 000 евра. Пред купувањето, исто така, треба да положи депозит од 5.000 евра, што ќе му биде вратен по обновата.

„Ветуваме дека купувачите нема да бидат разочарани“, велат од градската власт.

- Advertisement -

Самбука се наоѓа на западната страна Сицилија, во провинцијата Агриџенто. Се наоѓа во природен резерват, а во него живеат помалку од 6000 лица.

(RadioMOF.mk)