Mercedes-Benz планира да ја концептуализира идејата за автомобил кој нема да може да се судри. Според некои информации, Mercedes-Benz тврди дека ESF (претходно ESV или експериментално безбедносно возило) е најбезбедното возило на оваа автомобилска компанија.
„Безбедноста е во суштината на Mercedes и крајната цел е нула сообраќајни незгоди“ велат од компанијата. Како што најавија на Consumer Electronics Show, новиот ESF ќе биде претставен на средината на 2019 година. Што се однесува на деталите на возилото, се очекува подобрување на технологијата за автономно возење и спречување судири, како и нов систем за заштита на патниците, кој е специјално дизајниран за да ја намали веројатноста за повреди во случај на судир.
Идејата е автомобилите постојано да бидат контролирани од вештачка интелигенција и системи за работа во облак кои постојано се на штрек и никој нема да го изгуби животот кога се возат во автомобил. Уште не е сигурно дали ESF ќе биде базиран на S класата.
„На средина на годинава ќе направиме нешто со што ќе покажеме како ќе изгледа иднината на безбедноста. Нема да кажам кои можности ќе ги има, но некои од опциите се при крај на реализација” велат од Mercedes.