Hi-Tech индустријата во Израел генерира 43% од вкупниот извоз на земјата, учествува со 12% од БДБ кој го креира бизнис секторот , а вработува само 8,3% од работната сила во Израел! Не е тешко да се заклучи дека успехот на Израел се должи на знаењето!
Верица Јорданова известува од CyberTech конференцијата во Тел Авив, Израел
„Израел, стартап нација“ е книгата на Дан Сeнор и Саул Сингер со која целиот свет дозна како една мала нација од 9 милиони жители, стара само 70 години и речиси без никакви природни ресурси стана најголем расадник на стартап компании во светот. Но, во Израел работите се менуваат многу бргу. Речиси секојдневно, исто толку брзо колку што се менува и расте технологијата, па Израелците денес сакаат да кажат дека ја надминале фазата на start-up, и сега се длабоко навлезени во фаза на scale-up.
Што значи тоа? Тоа значе дека денес во Израел е многу нормално секојдневно да се формираат нови стартап компании. Тоа веќе е составен дел од нивниот економски живот. Поважната работа е што многу од стартап компаниите формирани пред неколку години сега се големи и вредни компании кои аквизираат други стартапи од Израел и други земји и ги шират своите бизнис активности ширум целиот свет.
Од она што успеавме да го видиме и слушнеме од сите субјекти во комплексниот израелски систем на иновации, стартапи компании, технолопки компании, владини институции и војска евидентно е дека успехот се должи на перфектната и прецизно усогласена координација на сите нив кон остварување на една заедничка цел- брз економски раст.
Денес во Израел компаниите инвестираат 4,3% од бруто домашниот производ во истражување и развој. Оваа бројка ја става Израел на врвот на ОЕЦД земји според инвестиции во R&D. Притоа, во оваа бројка не влегуваат буџетите за истражување и развој на војската и националната безбедност кои исто така се екстремно големи.
Како што не брифираше претставник од Агенцијата за иновации (Izrael Innovation Authority) во 2018 година стартап сцената постигна неколку рекорди. Вредноста на т.н exits односно продажби на компании изнесувала 12,6 милијарди долари. Израелските компании привлекле инвестиции во вредност од 6,5 милијарди долари само во 2018, а истата година се остварени повеќе од 100 големи зделки од фондови за ризичен капитал (VC), секоја со вредност поголема од 20 милиони долари.
Израел , scale-up нација!
Токму заради фактот што економските параметри на израелските компании се мерат во милијарди долари тие преферираат Израел да се нарекува scale-up нација, нација која гради големи компании.
“Компаниите од hi-tech индустријата стануваат се поголеми и привлекуваат се поголеми инвестиции. Во Израел во последниве неколку години се случува експлозија од центри за истажување и развој, особено од страна на големите мултинационални компании. Исто така, врвните програмери во Израел имаат поголеми плати во Европа и се на ниво на програмерите од Силиконската долина во САД“, објаснуваат претставици од Агенцијата за иновации.
Но, зошто е така? Зошто Иѕраел може она што многу други земји не можат?
Според објаснувањeто на сите со кои имавме можност да разговараме, но и од искустството на многу од основачите и директори на технолошки компании клучот на брзото адаптирање на промени и брзото усвојување нови технолошки вештини и знаење се должи на задолжителното служење војска и за мажи и за жени. Израелците уште на 18 години влегуваат во војска и зависно од нивните знаења и префенци добиваат врвно образование и практично искуство. Најголем дел од менаџерите во државните институции и основачи на големи технолопшки компании кои ги запознавме всушност се излезени од ИТ секторите на војската, каде постојано се во резервен состав. Во врвната компанија за сајбер безбедност Check Point гордо потенцираа дека нивните вработени добиваат цела плата и кога одат да служат во резервниот состав на војската. Но, сепак не може да се каже дека служењето војска е клуот за големиот технолошки галоп на Израел. Првиот човек на Генералниот директорат на израелската национална сајбер безбедност (нова институција која директно одговара за својата работа на премиерот Нетанјаху) потенцираше дека влијанието војска-приватен сектор- академија е континуирано, двострано и многу важно!
“Клучот на израелскиот успех е во нејзиниот еко-систем, отвореноста за дијалог и соработка на државата и приватниот сектор, но и континуираниот дијалог меѓу нив. На пример, после вчерашното обраќање на премиерот Нетанјаху, тој имаше едночасовен состанок со 20 стартап компании кои му кажаат што работат, со какви проблеми и предизвици се соочуваат. Затоа ние од денес ќе имаме многу работа. Нивните предлози и барања се сфаќаат многу, многу сериозно“, објасни директорот на овој Директорат, Игал Уна, кој е многу важна личноста во сајбер безбедноста на Израел.
Друга важна лекција која може да се нучи од израелскиот претприемнички менталитет е нивната постојана насоченост кон знаење, врвна технологија, иновации и постојано барање можности.
Велат – ние не продаваме технологии, туку градиме компании! Градот Бершива е новиот центар каде Изралеците ќе лоцираат многу од новите компании преку бројни програми и форми на поддршка го иницираат и поддржуваат во нивиот иновативен развој.