Ако сакате да патувате и да се одушевувате на различната архитектура, имате многу причини да го посетите Рио де Жанеиро. Поранешниот главен град на Бразил (од 1763 до 1960 година), Рио де Жанеиро, UNESCO го прогласи за светска престолнина на архитектурата за 2020 година.
Светската престолнина на архитектурата има тенденција за стане и престолнина на меѓународниот форум за дебата за жешките глобални предизвици врзани за културата, културното наследство, урбаното планирање и архитектурата.
Архитектурата во Рио е фасцинантна мешавина од историски и модерни градби. Одличен пример за неофутуризмот е „Музејот на утрешнината“ („Museum of Tomorrow“). Неговиот дизајн е проткаен со соларни панели, така што е еколошки прифатлив
Најдобар претставник на архитектурата во Рио е Музејот за современа уметност „Нитерои“ (Niteroi Contemporary Museum). Ова е културно чудо кое не смеете да го заобиколите ако се најдете во Рио. Музејот го дизајнирал бразилскиот архитект Оскар Ниемер. То се смета за татко на модернизмот на 20. век кој се родил, живеел и умрел во Рио. Во 1988 година ја освоил престижната награда „Прицкер“. Денес неговото наследство живее преку градбите во целиот свет.